Малолетникот што ги уби своите соученици во Белград, денеска изведен пред Специјалниот суд
Коста Кецмановиќ од ОУ „ Владислав Рибникар, момчето што ги уби своите соученици во Белград, продолжува со сведочењето во Специјалниот суд, одговара на прашања на родителите на убиените деца. Цела судница е во плач, родителите потресени …

Малолетниот К.К. кој на тринаесет години изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, денеска е изведен во Специјалниот суд каде треба да продолжи да сведочи во судскиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ.
Тој беше донесен со возило на Брза помош, а припадниците на полицијата го прекрија момчето-убиец, спроведувајќи го од психијатриската болницата во возилата до судот.
Распит на детето убиец почна минатата недела, а денес прашања поставуваа оштетените родители на убиените деца, кои се потресени, тажни и со солзи во очите. Сведочење побараа и брачниот пар Кецмановиќ кои ја негираат својата вина.
„Овој судски процес оди во насока на осудителна пресуда. Неговото сведочењето не е пресудно, но сметам дека е значајно. Се надевам дека денес ќе добиеме дополнителни материјали кои ќе ја утврдат нашата позиција. Ова судење е затворено за јавноста и истекувањето на информации мора да биде санкционирано и ние не можеме да говориме за детали од судењето“, изјави Огњен Божовиќ, адвокат на оштетените.
Таткото на момчето е обвинет дека сторил кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи однел малолетно дете на стрелиште и го научил да пука, како и дека небезбедно дома чувал оружје. Мајката е обвинета затоа што нејзината ДНК е пронајдена на чаура во училницата каде што бил извршен масакрот.
Коста Кецмановиќ уби 10 лица и рани 5 деца и наставничката по историја. На минатонеделното сведочење изјави дека чувствувал пресија од мајка си дека морал да биде најдобар во сè и дека доколку оружјето не било лесно достапно, немал да го стори убиството. Самиот процес кај граѓаните во судницата и вон неа предизвика голема вознемиреност.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
