ПИОМ

Ќе има мартовски раст на пензиите од 2.500 денари и септемвриско усогласување

17.10.2024 16:44

Пензионерите во март ќе добијат уште 2.500 денари, а од септември догодина уште 4 проценти законско усогласување. Од ПИОМ тврдат дека има пари. Но, буџетот на фондот в година ќе биде поголем. Дупката е 27 проценти…

Зголемувањата на пензиите за жал не се чувствуваат во оваа скапотија, вели пензионерот Стојан Донев. Тој во пензионерскиот клуб има пријатели кои земаат пензија 13.000 – 15.000 денари. Вели, само за струја и за лекови не им се доволни.

Надлежните наредната година најавуваат зголемување на пензиите во март за 2.500 денари и 4 проценти во септември. Од ПИОМ велат, пари за пензии ќе има, за 2025-та година е планиран буџет од 135 милијарди денари. 105 милијарди се наменети за пензиите, 15 милијарди за вториот столб.

Ќе работат на одржување на социјално-солидарниот концепт, подобрување на стандардот на сите пензионери. Во меѓувреме, барања за пензионирање ќе се носат низ целата држава за да се сработат, бидејќи одредени подрачни единици не можат да постигнат. На Фондот за пензиско му требаат над 900 вработени за непречено функционирање, а има вработено безмалку 500.

За тие подрачни единици од ПИОМ, побарале пари за вработувања, но додека да се екипираат, предметите за да се сработат ќе бидат носени во градовите каде што има кадар. 3.000 пензионери чекаат.

Наташа Јанчиќ Менковски