Здравство

Се предлага нов начин на превентивни прегледи за рана детекција на рак на дојка

17.10.2024 17:22

Како држава заостануваме зад европските земји во поглед на раното откривање на ракот на дојка. Годишно само 45 насто од повиканите жени согласно скрининг програмата на Министерството за здравство вршат прегледи за рано откривање на болеста. Од друга страна, оние кои се борат со болеста долго чекаат за ехо и мамографски прегледи. Решение се гледа во новиот начин на организирање на прегледите …

Националната комисија за рана детекција на рак на дојка предлага нов начин на организирање на превентивни скрининг прегледи на жените, но и поефикасен начин за редовни контроли на пациентките кај кои е дијагностицирана болеста.

Освен навиката за превентивни прегледи потребно е вложување и во радиолошките центри. Во Клиничка болница Штип која опслужува околу 300 илјади жители има седум рендген специјалисти кои дневно вршат десет мамографски прегледи и осум ехо прегледи на дојка.

Карциномот на дојка во светски размери е во пораст. Освен генетските фактори, причина за ова заболување се и загадениот воздух, стресот, лошите животни навики и недостигот од физичка активност.

Славица Величковска