ЗНМ

Промоција на прирачник за безбедност на новинарите

17.10.2024 19:07

ЗНМ, Јавното обвинителство и Министерство за внатрешни работи промовираа нов прирачник за безбедност на новинарите...

Бројот на пријавени напади врз новинари последниов период е значително висок, но со измените во кривичниот законик, им се даде нова позиција новинарите и нивната заштита. Порака од промоцијата на Прирачникот за безбедност на новинарите, во организација на Здружението на новинари.

Луѓето имаа посреќен и побезбеден живот во општества со поправедни институции и потанспарентно известување, порача заменик шефицата на Мисијата на холандската амбасада во Македонија, Манон Јансен.

Невозможно е да има функционални и демократски процеси во кое било општество, без право на слобода на изразување.

Прирачникот е од помош не само за новинарите, туку и за надлежните органи. Од Обвинителство изразија надеж дека преку ваквите активности, ќе се засили и превентивната улога односно ќе се намали бројот на напади врз новинари.

 

Марија Котовска