Израел

Убиен Јахја Синвар - лидерот на Хамас

17.10.2024 21:30

Шефот на радикалниот исламски Хамас, Синвар е убиен во операција на израелската армија во Појасот Газа...

Израелскиот министер за надворешни работи на Израел, Кац, потврди дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар е убиен. Шефот на радикалниот исламски Хамас, Синвар е убиен во операција на израелската армија во Појасот Газа.

„Тројца терористи се елиминирани“ при операции на палестинска територија, соопшти израелската армија.

Тоа го потврдуваат и днк-тестовите што беа направени денеска – изјави упатено лице во овој случај.

Според израелскиот шефот на дипломатијата тоа е големо воено и морално достигнување за Израел, но и победа за целиот ослободен свет против злобната оска на радикалниот ислам предводена од Иран.

Со убиството на лидерот на Хамас, според Израел се создава можност да се извлечат заложниците и да се создаде Газа ослободена од Хамас и од иранската контрола. Синвар се смета за главен архитект на нападот на Израел од 7-ми октомври 2023 година, со кој започна војната во Газа.