Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

18.10.2024 07:54

Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 13, а максималната од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.