Здравство
Таравари очекува одговорност од лекарите за смртта на 14-месечното девојче
18.10.2024 08:37
Министерот за здравство Таравари очекува да има одговорност за направените пропусти во лекувањето на 14-месечното девојче...

Етичката комисија на Лекарската комора денеска треба да донесе одлука по извештајот за смртта на 14-месечното девојче. Министерот за здравство Таравари очекува да има одговорност за направените пропусти во лекувањето.
Според извештајот на Стручната комисија, констатирани се системски, технички и стручни недостатоци.
