Сообраќајна несреќа

Денешниот ден прогласен за ден на жалост во Велес, поради трагичната смрт на тројцата сограѓани

18.10.2024 08:37

Денешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи во средата, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Советот на Општина Велес, nа вчерашната редовна 55. седница, донесе едногласна одлука, денешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи во средата, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Како што информирaат од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.