Металург и Железничар ќе стартуваат од “нула“ во Сараево
Фудбалерите на Металург одиграа без голови во првиот натпревар од 2 елиминационо коло во Уефа Европа Лигата, против екипата на Железничар. Натпреварот се одигра на Националната арена “Филип 2 Македонски“ а како и во завчерашниот дуел од квалификациите за Лигата на шампионите мешу Работнички и Хелсинки, и вечерва мрежите мируваа во мечот меѓу Металург и претставникот на БиХ.

Со тоа, единствениот преостанат македонски претставник во ова натпреварување не успеа да создаде предност пред реваншот, кој ќе се игра на 22 јули на Олимпискиот стадион во Сараево.