Брисел
Зеленски го претстави „Планот за победа“ на Самитот на ЕУ
18.10.2024 09:55
Брисел работи на заем за Киев од 35 милијарди евра заедно со партнерите од Г-7...

Русија мора да плати за штетите што ги предизвика, став на ЕУ од состанокот на Советот на Европа. Брисел работи на заем за Киев од 35 милијарди евра заедно со партнерите од Г-7. Претседателот Зеленски го претстави својот „План за победа“ и рече дека ако се следи, војната може да заврши следната година.
Вчера и денеска во Брисел се одржува и Состанок на НАТО земјите. Генералниот секретар Руте рече дека Украина ќе стане следна членка на Алијансата што според Зеленски би ја зајакнало земјата политички и ќе ја донесе до реален и праведен мир.
