Националната опера и балет

Двојна изведба на балетска претстава „Дамата со камелии“ на сцената на НОБ

18.10.2024 10:10

На 30-ти октомври и 2-ри ноември со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“...

На 30-ти октомври и 2-ри ноември со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, a раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.

Во улогите на Маргарита и Арманд на 30-ти октомври ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), а на 2-ри ноември: Наташа Трендафилова Гицев и Валери Љубенко, од Украина.

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите“, вели Василиј Медведев, кореограф.

 

 

Фото: НОБ