Ламин Јамал прв фаворит за наградата „Златно момче“ 2024
Италијанскиот весник објави список од 20 финалисти, за најдобар млад играч во светот за 2024 годинаПрв фаворит според многумина е Ламин Јамал, европски првак со Шпанија...

Традиционалниот избор на „Тутоспорт“ за најдобар млад играч во светот за 2024 година, наградата е наречена „Златно момче“ влегува во самата завршница. Италијанскиот весник објави список од 20 финалисти. Прв фаворит според многумина е Ламин Јамал, европски првак со Шпанија.
Во гласањето ќе учествуваат 50 фудбалски стручњаци и секој ќе може да гласа за пет играчи според системот: 10 бода за прво место, седум за второ, пет за трето, три за четврто, еден бод за петто место.
Победникот ќе биде прогласен на церемонија која ќе се организира во Торино на 16 декември.
Фото:/ Fc Barselona
