Руско - украински конфликт

Украина собори 80 руски беспилотни летала во текот на ноќта

18.10.2024 10:59

Украинските воздухопловните сили соопштија дека изгубиле трага на 44 беспилотни летала, кои најверојатно паднале на територијата на Украина. Регионот Суми, исто така на удар на гранати

Украинската воздушна одбрана собори 80 од 135 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта. Воздухопловните сили соопштија дека изгубиле трага на 44 беспилотни летала, кои најверојатно паднале на територијата на Украина. Регионот Суми, исто така на удар на гранати.

Русите тврдат дека ја презеле контролата врз село во клучен град во Доњецкиот регион. Русија ќе тестира подготвеност на нуклеарна ракетна единица, пишува агенцијата РИА, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.