Вељаноски во Албанија
12.12.2013 12:15
Претседателот на Собранието на Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска е во официјална посета на Република Албанија на покана на својот колега, претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета. Вељаноски ќе има средби и со претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани и со претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама.На свечена седница Претседателот Вељаноски ќе има обраќање пред пратениците на Собранието на Република Албанија.
