Нема субвенции без платен данок

18.07.2014 09:55

Без сите платени давачки кон државата, а не само кон ресорното министерство земјоделците нема да добиваат субвенции. Измените и дополнителните плаќања се предвидуваат со закон...

Доколку не ги платат јавните давачки, земјоделците нема да добиваат субвенции. Досега требаше да ги расчистат само заостанатите сметки кон Министерството  и  платежната агенција , и долговите за пашарина и водарина.

Сега листата се надополнува и со персонален данок од доход, данок на додадена вредност, и на добивка заедно со придонесите за социјално осигурување.

На земјоделските стопанства за да можат да им се исплатат субвенциите, треба да достават и уверение за платените јавни давачки.

Причина за законски измени се повеќето проблеми кои се јавуваа во досегашната практика.

 

Методија Трајков