Турција

Најмалку шест лица загинаа при превртување на туристички автобус во Турција

18.10.2024 11:01

Туристичкиот автобус од непозната причина се превртел на локацијата Аципинар на автопатот Аксарај – Анкара. Според првичните податоци, во несреќата загинале шест лица, а 25 се повредени...

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција.

Туристичкиот автобус од непозната причина се превртел на локацијата Аципинар на автопатот Аксарај – Анкара. На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари. Според првичните податоци, во несреќата загинале шест лица, а 25 се повредени.