Општини

Одобрени повеќе од 270 проекти на општините, рокот за аплицирање се пролонгира до 15 ноември

18.10.2024 12:37

Претседателот на Владата апелираше општините Струмица, Теарце и Сарај, како и Град Скопје, кои не добија пари за ниеден проект со кој аплицирале, да го искористат продолжениот рок за поднесување на нови комунални проекти...

Над 270 проекти од речиси сите општини кои конкурирале на повикот за помош на единиците на локалната самоуправа се потврдени на владина седница, изјави премиерот Христијан Мицкоски. За подобра реализација на проектите, Мицкоски најави дека ќе има мало продолжување на рокот за општините да ја комплетираат проектната документација.

Претседателот на Владата апелираше општините Струмица, Теарце и Сарај, како и Град Скопје, кои не добија пари за ниеден проект со кој аплицирале, да го искористат продолжениот рок за поднесување на нови комунални проекти.

Инаку, 80 општини со 357 проекти аплицирале на јавниот повик на Владата за добивање пари за реализација на инфраструктурни проекти во општините ширум земјава со средства од државниот Буџет обезбедени преку унгарскиот кредит.