Мицкоски: ЕСМ со кредит плаќа стари долгови, целта е компанијата да се консолидира
И тој очекува зимата да биде тешка поради војната во Украина што ќе притиска за зголемување на цената на струјата на берзите, но, Мицкоски е уверен дека имаме доволно енергетски капацитети за да се справивме со ситуацијата.

ЕСМ со кредит плаќа стари долгови од 5 милијарди денари, целта е да се консолидира компанијата – вели премиерот Мицкоски. И тој очекува зимата да биде тешка поради војната во Украина што ќе притиска за зголемување на цената на струјата на берзите, но, Мицкоски е уверен дека имаме доволно енергетски капацитети за да се справивме со ситуацијата. Владата не се откажува од намерата за укинувања на мрежарината од 200 денари.
„Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога тие ќе бидат готови ќе донесеме одлука којашто е најважна и најдобра за граѓаните“ – рече Мицкоски.
Во насока на консолидација, како што посочи, е и одлуката да не се префрлаат пари на АД ЕСМ, туку самата компанија преку кредит да си ги плати старите долгови.
