Дрекслмаер донираше опрема во детската градинка во Неготино

18.07.2014 10:22

195 нови креветчиња и душеци и 125 анатомски столчиња околу 60 осто од целокупно потребната опрема во градинка „Фемо Кулаков“ е обновена благодарение на донацијата на Дрекслмаер. Од компанијата најавуваат дека тие како донатори ќе се јавуваат во сите општини од каде доаѓаат нивните вработени...

На нови креветчиња и анатомски столчиња ќе спијат и седат поголем дел од децата кои се згрижени во детската градинка „Фемо Кулаков“ од Неготино.

Подновувањето во градинката е донација од компанијата Дрекслмaер. Целта била преку помош во заедницата да се промовира општествената одговорност.

Ние ќе останеме посветени во подигнување на квалитетот на живот на сите клучни сегменти во општините од каде доаѓаат нашите вработени“, рече Ѓорги Тренковски, Дрекслмаер.

Во Дрекслмаер, вработени се околу 1000 неготинчани.  Градоначалникот Апостолов  кој бил директниот  посредник за  донацијата вели ова е пример за добра соработка помеѓу општината и инвеститорите.

„Во план ни е во понатамошниот перидо изградба на нова градинка како во град  Неготино така и во останатите населени места и сметам дека и тогаш подршката од Дрекслмаер нема да изостане како и овој пат“, рече Ванчо Апостолов, градоначалник на општина Неготинио.

Вкупната вредност на донацијата е еден милион и двеста илјади денари.

Со оваа донација која Дрекслмаер ја даде во детската градинка во Неготино заменети се 60 проценти од креветчињата и столчињата кои секојдневно ги користат децата кои се згрижени во оваа установа.

 

Дијана Иванова