Мицкоски: Коцевски треба да даде објаснување по обвинувањата за притисоци
Ако државниот обвинител вршел притисок врз колеги од Вишото јавно обвинителство за одлука што треба да ја донесат во случајот со бонусите исплаќани во СЈО, тогаш Коцевски треба да даде објаснување по овие обвинувања, смета премиерот Мицкоски. Тој вели дека освен бонусите и други прашања поврзани со СЈО останале неразјаснети за што очекува одговор од највисокиот функционер во Обвинителството...

Ако државниот обвинител вршел притисок врз колеги од Вишото јавно обвинителство за одлука што треба да ја донесат во случајот со бонусите исплаќани во СЈО, тогаш Коцевски треба да даде објаснување по овие обвинувања, смета премиерот Мицкоски. Тој вели дека освен бонусите и други прашања поврзани со СЈО останале неразјаснети за што очекува одговор од највисокиот функционер во Обвинителството.
Шефот на скопското вишо обвинителство Хајрулахи и неговиот колега Цветановски за МТВ изјавија дека минатиот месец Коцевски им се заканил – да внимаваат каква одлука ќе донесат, по што следувале контроли на нивната работа. Коцевски пак негира дека вршел притисок.
Од Републичкото обвинителство појаснуваат дека контролите што се вршени се дел од редовна процедура.
„Извештајот од извршениот надзор се изготвува, по што јавноста ќе биде известена за резултатите“, кусо одговорија од Обвинителство.
Од Советот за јавни обвинители за МТВ велат дека сè уште до нив не е пристигната претставка. Велат – прво да го добијат материјалот, па ќе одлучуваат за следните чекори.
Анита Димитријевска – Велковска
