Рочиштата за двојното убиство откриваат страотни детали
Судењето за двојното убиство со забрзано темпо. Колку пари барате-испратена порака од таткото на Вања во група до родителите и веднаш избришана. Рочиштата откриваат страотни детали од сведоштва на обвинетите дадени пред полицијата...

Таткото на Вања се однесуваше чудно – велеше да ја бараме дека е киднапирана, па дека е убиена, но не ни излегуваше од автомобилот за да го бара детето со нас – сведочеше во Судот началник за насилен криминал во СВР Скопје. Александар Ѓорчевски испратил две слики од возилото на убиениот Жежовски и од пикап кое цело време возеле заедно, па од раздвоени истраги се доаѓа до една кога пикапот го наоѓаат во седиштето на партијата десна и го привеле Влатко Кешишев, а цитроенот го пронаоѓаат запален. Кешишев го покажува местото каде е Вања закопана. Укажува дека покрај со Палевски бил и со Велибор Манев, а овој пак го посочува Боре Видевски дека бил со нив за време на убиството на Панче Жежеовски. Сведокот на рочиштето посочи дека таткото на Вања, Александар во групата на родители од училиште напишал порака „колку пари барате?“, но веднаш ја избришал. Дел од родителите ја прочитале.
Сведочеше и чичко на мајката на убиената Вања. Тој добил информација дека последниот сигнал од телефонот на Вања бил кај пекарница на Партизанска. Го барал девојчето, но го видел нејзиниот татко Александар со полицаец. Само му рекол ако е убиена Вања и јас да се убијам.
Миле Ристески
