Политика

Јотова ги повика македонските власти на поголемо разбирање на европските вредности

18.10.2024 15:37

Северна Македонија мора да има поголемо разбирање за европските вредности, бидејќи првото поглавје од пристапувањето кон Унијата е за основните права кои се провлекуваат низ целиот преговарачки процес, рече во Ќустендил, Илијана Јотова, потпретседателката на Бугарија...

Северна Македонија мора да има поголемо разбирање за европските вредности, бидејќи првото поглавје од пристапувањето кон Унијата е за основните права кои се провлекуваат низ целиот преговарачки процес, рече во Ќустендил, Илијана Јотова, потпретседателката на Бугарија на конференцијата посветена на Бугарите на Балканот, зад границите, по 1878-та.

Таа додаде и дека пристапните преговори нема да завршат, доколку македонските власти не ги почитуваат човековите права на претставниците на различните држави и етникуми.

Ние имаме 14 пресуди на Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Таа таму не може да се организира ниту во невладини организации, возврати македонскиот премиер Христијан Мицкоски на наводите на Јотова.

Македонците во Бугарија не бараат да бидат дел од Уставот, туку да се организираат на невладино ниво. Мицкоски потсети и дека Бугарија е потписник на Резолуцијата за заштита на човековите права.