Приведени криумчари на мигранти
Во возилото се откриени седум лица илегални мигранти од Сирија, од кои три лица се малолетни. И.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Денес во 12.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на наплатната станица Гевгелија, во правец кон Скопје, сопреле патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар агенција од Скопје, а управувано од И.А.(54) од Р. Турција. Притоа во возилото се откриени седум лица илегални мигранти од Сирија, од кои три лица се малолетни. И.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така денеска , во 12.10 часот на крстосницата кај Богданци при контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со црногорски национални ознаки, сопственост на рент а кар агенција, а управувано од С.Ј.Ф., турски државјанин со привремен престој во Црна Гора, биле пронајдени пет лица илегални мигранти од кои две малолетни лица. С.Ј.Ф. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
