Свет

Бајден од Берлин ги повика сојузниците да не попуштаат во поддршката за Украина

18.10.2024 17:04

Американскиот претседател Бајден е во посета на Берлин. Со германскиот претседател Штајнмајер разговараа за војната во Украина...

Американскиот претседател Бајден е во посета на Берлин. Со германскиот претседател Штајнмајер разговараа за војната во Украина и за проширување на конфликтот на Блискиот Исток.

Бајден го повика Западот да ја одржи поддршката за Украина. Имаше средба и со германскиот канцелар Шолц, на која разговараа за зголемување на воената поддршка и зајакнување на цивилната енергетска инфраструктура во Украина.

Американскиот претседател беше одликуван со највисокиот орден на Германија за неговите заслуги во трансатлантските односи.