Северна Кореја
Северна Кореја испраќа војници да се борат на руска страна во Украина, тврдат во Сеул
18.10.2024 17:05
Северна Кореја почнала да испраќа војници во Русија кои ќе се борат во војната против Украина, тврди јужнокорејското разузнавање...

Северна Кореја почнала да испраќа војници во Русија кои ќе се борат во војната против Украина, тврди јужнокорејското разузнавање.
Извештајот доаѓа ден откако украинскиот претседател Зеленски предупреди дека 10 илјади војници од Северна Кореја наскоро би можеле да се вклучат во војната.
Според јужнокорејското разузнавање, првиот контингент од илјада и 500 севернокорејски војници е распореден во Владивосток на рускиот далечен исток и веќе добиле руски воени униформи, оружје и лажни документи за лична идентификација.
