САД

Претседателската трка меѓу Харис и Трамп и понатаму е исклучително тесна, покажуваат анкетите

19.10.2024 09:25

Барак и Мишел Обама на турнеја на поддршка за Камала Харис по клучните држави. Тесна претседателската трка меѓу Харис и републиканскиот ривал Доналд Трамп...

Барак и Мишел Обама на турнеја на поддршка за Камала Харис по клучните држави. Демократката за првпат ќе ја води кампањата со Барак и Мишел Обама на одвоени настани.

Поранешниот претседател и неговата сопруга и понатаму се популарни меѓу демократските гласачи и се очекува да бидат ефикасни во помошта на Харис во последниот дел на кампањата пред изборите на 5 ноември.

Анкетите покажуваат дека претседателската трка меѓу Харис и републиканскиот ривал Доналд Трамп и понатаму е исклучително тесна.