Израел

Нетанјаху нареди зголемување на хуманитарните резерви за жителите на Газа

19.10.2024 09:59

Хуманитарна помош ќе се доставува со 250 камиони дневно до крајбрежната област на Средоземното Море, каде што војната беснее повеќе од една година...

Израелскиот премиер Нетанјаху нареди значително зголемување на хуманитарните резерви за жителите на Газа, како одговор на американските закани дека ќе ја прекинат воената помош за Израел доколку тој не го стори тоа, објавија израелските медиуми.

Хуманитарна помош ќе се доставува со 250 камиони дневно до крајбрежната област на Средоземното Море, каде што војната беснее повеќе од една година.