Прилеп

Прилеп: Малолетничките бракови, проблем на заедницата

19.10.2024 12:00

Во Прилеп останува проблемот со малолетничките бракови. Уште повеќе со малолетници кои живеат вонбрачно. Неопходни се советувања, едукации и поголема грижа на родителите за тоа што прават нивните деца …

Малолетничките бракови остануваат проблем на заедницата. Состојбите не стивнуваат. Се соочуваат училиштата, учениците.

Прилепскиот центар за социјални работи активно ги следи состојбите. Анализите покажуваат дека главните причини се бараат во семејството.

Законот дозволува брак од 16 години, но со согласност на родителите. Младите најчесто не знаат во што се впуштаат. На заедницата и се потребни активни мерки, советувања, едукација.

Според Светската здравствена организација секојдневно, околу 39.000 млади девојки ширум светот се мажат пред да наполнат полнолетство. Повеќе од една третина од нив се помлади од 15 години. Трговијата со луѓе за присилни бракови сè уште е присутна и кај нас.

 

Елизабета Митреска