Ладно пиво, скара, џиновска плескавица... стартува Пивофест!

18.07.2014 10:42

Ладно пиво, скара, голем број гости од земјава и странство, џиновска плескавица. Ова го одбележа стартот на годинешниот Пивофест. Организаторот тврди се е под контрола- гостите задоволни...

Вкусот на ладното пиво, мирисот на неодоливата скара и прекрасниот амбиент на лудата забава веќе го окупираа Прилеп. Започна 12-тиот Пиво фест. Уште првата фестивалска вечер градот се преполни со гости од сите градови.

„Одлична е забавата, се е супер мислиме дека ќе биде подобро од лани“, рекоа дел од присутните гости.

Имаше и голем број наши иселеници од дијаспората.

„Ние сме од Германија, и лани бевме тука, мислам дека фестивалот е подобар дури и од тој во Германија“, рече една наша иселеничка.

Вечерта ја отворија групата „Joke“ од Франција, а кулминацијата настана со настапот на Даниел Кајмакоски.

„Во наредните 4 денови очекуваме прекрасна забава, со прекрасни луѓе и многу ладно пиво“, рекоа дел од гостите.

По повод 90-тиот јубилеј Скопска пивара ја направи и најголемата плескавица во Македонија, тешка 90 килограми.

„За сите овие години Скопска пивара е навикната на рекорди, купувачите ги научи на рекорди, а сега за 90-тиот јубилеј ја направивме најголемата плескавица во Македонија“, изјави новиот генерален директор на Скопската пиварница, Александар Ружевиќ.

„На плескавицата работеа 24 луѓе, и таа се направи за 4 часа“, кажа Диме Ѓоршиоски,  сопственик на угостителски објект.

Многу, многу, многу ладно пиво, превкусна скара и одлична забава, ова е сликата од првата вечер на Пиво фестот. Ова нека биде дополнителен мотив за сите оние кои не успеале да дојдат тука денес, тоа може да го направат во наредните 3 денови.

 

Дарко Штаргоски