По деценија подготовки, во најава изградба на регионалната депонија кај Мечкуевци
Повеќе од една деценија се работи на проектот „регионална депонија кај светиниколско Мечкуевци“, каде што отпадот ќе се преработува по европски стандарди. Последните најави се дека идната година може да стартува изградбата, а во меѓувреме се работи на законски измени и имплементација на регионалниот план за управување со отпад во источниот и североисточниот регион.

Источниот и североисточниот регион изготвија регионален план за управување со отпад. Акцентот е на јакнење на соработката и капацитетите на општините, комуналните претпријатија и едукација на граѓаните
Потребни се и законски измени за да се усогласиме со европската регулатива каде отпадот со циркуларната економија во најголем дел се рециклира и реупотребува. Овој начин на третирање на комуналниот отпад ќе ги реши проблемите со сегашните нестандардни депонии
Депонијата во Мечкуевци ќе се гради со грант од 40 милиони евра од европските фондови, но тендерот за изградба со години не се распишува заради неисполнување на критериумите од наша страна
До крајот на годината се очекува распишување на тендер за изградба на регионалната депонија кај Мечкуевци, со рок на изградба за две години.
Славица Величковска
