Политика

СДСМ: Владата итно да го повлече Бојан Христовски од функцијата директор на АНБ

19.10.2024 11:42

Од партијата бараат ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди транспарентност и целосно почитување на законите и процедурите во поставувањето на раководни позиции во безбедносните служби...

СДСМ ја повикува владата итно да го преиспита изборот на Бојан Христовски и да го повлече од функцијата директор на АНБ.

Од партијата бараат ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди транспарентност и целосно почитување на законите и процедурите во поставувањето на раководни позиции во безбедносните служби. Велат, оваа партизација со некомпетентни кадри кои ќе му служат на Мицкоски наместо на граѓаните е прв чекор кон уништување на безбедносните институции.

СДСМ седум години вложи огромни напори за професионализација на овие институции, а ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги партизира за само 100 дена, стои во реакцијата на опозициската партија.