Битола

Да се подигне нивото на безбедност во сообраќајот, апелираат експертите

19.10.2024 18:50

Експертите од сообраќајниот отсек на техничкиот факултет од Битола со апел, да се подигне нивото на безбедност на сообраќајот. Според МВР од јануари до август годинава на патиштата низ државава се случиле 5596 сообраќајни несреќи, 81 лице го загубило животот. Последните две сообраќајки кои однесоа по три жртви по којзнае кој пат опоменуваат дека проблемите од областа на сообраќајот се комплексни вели универзитетскиот професор Никола Крстановски.

По ваквата црна статистика надополнета со последните две тешки сообраќајки кој однесоа по три човечки животи сообраќајните експерти го активираат црвеното светло. Како стручњак и вешто лице од областа на безбедноста во сообраќајот не можам а да не кажам дека таа во земјава ни е на најниско ниво а во сообраќајниот систем нема сегмент каде не се регистрирани слабости“, вели универзитетскиот професор Никола Крстановски.

За комплексните проблеми изработени се повеќе стратегии но за жал вели седат сè уште само на хартија. Како најголем проблем ја посочува сообраќајната некултура која од поодамна ја забележуваат и граѓаните.

Случувања кој се пресликуваат и во црната статистика на нашите патишта.

Со ваква поставеност на сообраќајниот систем дополнителен предизвик ќе биде и зимскиот период кога на многу делници господари густата магла но и опасноста од ненавременото чистење на снежните наноси посебно на планинските превои.

 

Стевче Митревски