Кампања - Розов карван

Превентивните прегледи важни за рано откривање на ракот на дојка

19.10.2024 16:15

Октомври е месец посветен на борбата против ракот на дојка. Едукативни настани во Скопје за подигнување на свеста за рано откривање на ракот на дојка. Граѓаните имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување…

Борбата против ракот на дојка, 54-годишната Лидија Стефановска ја почнала пред седум години. Воопшто не ни претпоставувала дека отежнатото управување со автомобилот е причинето од канцерот кој почнал да зема замав во нејзиниот организам. Била итно оперирана. Но, тој се проширил на коските и во мозокот.

Пациентите со канцер на дојка велат, не водат војна само против болеста, туку и против аномалиите во здравството. За сега има терапија на Онкологија, но не и термини за мамографија и добра скрининг програма. Неопходно е, велат, подобрување на условите и за лекарите и за пациентите.

Старосната граница на заболени од канцер се поместува, се повеќе млади жени и девојки заболуваат. Регистар нема, но околу 1.000 нови пациенти има секоја година.

Лекарите велат, превенцијата е најдобра заштита. Се препорачуваат самопрегледи и мамографија после 40-тата година на секои две години.

 

Александра Велинова