МВР

Санкции за небаждарен тахограф

19.10.2024 17:59

Вчера, околу 13.00 часот на наплатната рампа Кадрифаково извршена е контрола на автобус марка „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а управувано од М.З.(42) од Свети Николе

Вчера, околу 13.00 часот на наплатната рампа Кадрифаково, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запреле и извршиле контрола на автобус марка „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а управувано од М.З.(42) од Свети Николе, соопштија од МВР.

Притоа, во рамки на контролата било утврдено дека тахографот не бил баждарен, односно возачот не поседувал потврда за проверка.

За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрекол глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице, стои во соопштението.