Работилница „Од наука до примена“ за конзервација на стакло и керамика во Стоби
Во Македонија има недостиг на стручен кадар, конзерватори во музејските институции. Во локалитетот Стоби се одржа работилница каде посетителите, студенти и вработени, го надоградуваа нивното искуство во конзерваторската работа...

Оваа седмица во локалитетот Стоби се реализираше работилница за конзерваторски материјали „Од наука до примена“. На неа учествуваат десетина посетители, студенти и млади вработени во музејските институции. Овој стручен кадар е дефицитарен во Македонија. Учеството за кое биле пријавени 40 кандидати, беше бесплатно.
Посетителите низ предавања и практична работа ги совладуваа техниките на конзервација на керамика и стакло. Во Македонија има недостаток на кадар конзерватори и потребни се вакви форми на практична работа, велат стручните лица.
Посетителите имаа можност да работат на реплики од керамика и стакло. Проектот е реализиран со помош на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Како предавачи беа проф. Д-р-Емилија Фиданчевски, д-р Лидија Робева Чуковска, м-р Ивана Коцевска.
„Оваа работилница навистина ќе биде од помош, бидејќи музејот каде работам поседува голем фонд на предмети од стакло и керамика. Сигурна сум дека заедно, музејот од Будва и установата Стоби, ќе останеме во контакт, а добиеното знаење ќе послужи во мојата натамошна работа“, изјави Милица Радовиќ од Археолошки Музеј Будва, Црна Гора.
Работилницата е проект на НУ Стоби, финансирана од Министерството за култура, дел од годишната програма за 2024-та.
Петар Печков
