Новата градинка во Прилеп ќе ја избрише листата на чекање
Со задоцнување од неколку години, Прилеп сепак го решава прашањето за згрижувањето на децата во градинките. Наскоро ќе проработи новата детска градинка за 218 деца. На потег се владините министерства…

Ќе се вика „Бајка“. Така наликуваше и повеќегодишното чекање да биде ставена во функција. Новата градинка во Прилеп наскоро ќе почне со работа. Прилепскиот Совет ги префрли ингеренциите на установата „Наша иднина“, откако комисијата на Министерството за социјална политика даде виза дека се исполнуваат сите стандарди.
Се бараат 32 вработувања, главно воспитувачки и негувателки и технички кадар. На потег се надлежните министерства.
Од проектираните 252 места за згрижување деца, ефективно се 218. Тоа треба да ја избрише листата на чекање.
Во Прилеп се прави идејно решение за изградба и на уште една градика за 200 деца.
Елизабета Митреска
