Почна есенската сеидба, недостига повеќе дожд
Иако изминаа две недели од почетокот на оптималните рокови, есенската сеидба во нашата најголема житница сè уште не се одвива со полн интензитет. И покрај дождовите, сè уште не располагаат со потребната идеална влага за подготовка на парцелите и она што го бара семенскиот, велат земјоделците...

Иако изминаа две недели од почетокот на оптималните рокови, есенската сеидба во нашата најголема житница сè уште не се одвива со полн интензитет. Последните дождови ја подизгасија жедта на полињата, но тие сè уште не располагаат со потребната идеална влага за подготовка на парцелите и она што го бара семенскиот, велат земјоделците. Земјоделскиот календар нема да влијае на обемот и квалитетот на сеидбата, доколку деновиве паднат потребните количини на дожд.
Оваа есенска сеидба има и едно поинакво значење, по годинешнава жетва и она што се случуваше со лебното зрно на откупните пунктови.
Земјоделските експерти се оптимисти, а од ресорното министерство велат дека состојбите се следат на дневна основа.
Во идеални години, во битолскиот дел на Пелагонија под есенски посеви се опфаќаат околу 15.000 хектари, од кој 80-тина проценти отпаѓаат на стратешката култура, пченицата. Сепак, колку ќе биде исполнет есенскиот сеидбен план ќе зависи од факторот временски услови.
Стевче Митревски
