КУБА
Во Куба снабдувањето со електрична енергија делумно обновено
20.10.2024 11:20
По затворањето на една од главните термоелектрани на Куба, 10 милиони луѓе останаа во мрак два дена...

Кубанските власти соопштија дека снабдувањето со електрична енергија е делумно обновено на островот. По затворањето на една од главните термоелектрани на Куба, 10 милиони луѓе останаа во мрак два дена.
Кубанскиот министер за енергетика потврди дека четири термоцентрали повторно се враќаат во функција. Куба добива електрична енергија од осум застарени термоелектрани, како и од седум пловечки централи изнајмени од турски компании.
