Руско - украински конфликт

Жестоки битки во Украина, регионот Суми остана без струја

20.10.2024 14:26

Повеќе од 100 населени места во регионот Сума остана без струја по руски напад врз енергетската инфраструктура. Единиците на противвоздушна одбрана на Киев одбија руски воздушен напад врз главниот град во текот на ноќта...

Повеќе од 100 населени места во регионот Сума остана без струја по руски напад врз енергетската инфраструктура. Единиците на противвоздушна одбрана на Киев одбија руски воздушен напад врз главниот град во текот на ноќта.

Руското Министерство за одбрана тврди дека синоќа уништиле 110 украински беспилотни летала над седум региони.

Првата серија на борбени авиони Мираж 2.000 ќе биде испорачана од Франција во Украина во првите три месеци од 2025-та година. Украинскиот претседател им се заблагодари на осумте нордиско-балтички земји кои договорија финансиски пакет од 260 милиони долари за поддршка на енергетскиот сектор на Киев.