Костолачка коса

Во Србија оддадена почит на загинатите Македонци од Вардарскиот полк

20.10.2024 18:46

Во организација на здружението Кочо Рацин од Белград, Македонците во Србија, во Костолачка коса крај Пожаревац им одадоа почит на 1.295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна...

Во организација на здружението Кочо Рацин од Белград, Македонците во Србија, во Костолачка коса крај Пожаревац им одадоа почит на 1.295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна, барајќи воедно на постоечкиот споменик во црквата „Св. Ѓорѓи“ да се постави нов на кој на македонски јазик, наместо „Вардарци“ ќе пишува дека се „Македонци“.

„И оваа година сè уште не можеме да го реализираме барањето кое го поднесовме лани како и оваа година, да се направи споменик во селото Петка, каде постои веќе друг споменик на паднатите борци, но нема и за Македонците, како и овде во црквата св. Ѓорѓи во општина Костолац“, Лидија Демниева, претседател на Македонското здружение Кочо Рацин од Белград.

За време на Првата светска војна, Кралството Србија изврши мобилизација на Македонците во тогашна Јужна Србија, од кои е формиран Вардарскиот баталјон, со вкупно 1300 Македонци. Од нив во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во српската војска, загинат е речиси целиот баталјон или вкупно 1295 војници, од кои-473 во борбите за одбраната на Белград и Смедерево, 627 војници загинаа на Костолачка Коса, 60 македонски војници се загинати при повлекувањето на српската војска кон Албанија, каде загинуваат уште 60 војници, така да Првата светка војна ја преживеале само 5 македонски војници.

„На ова место задно се бореа Македонци и Срби во 1915 година против австроунгарските напади и тука тие успаа да се одбранат и да ја одбијат австроунгарската војска. Од нивниот вкупен број само 5 Македонци успеале да преживеат и да стигнат со српската војска до Крф“, рече Гордан Бојковиќ, д-р на историски науки, Пожаревац.

На одбележувањето на кое беше одржано историско потсетување за овие храбри Македонци, присуствуваа Македонците во Србија, делегација од општина Костолац, претставници на партијата Левица и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес.

 

Оливер Бранковиќ – дописник од Белград за МРТ