Продолжија израелските напади врз цели на Хезболах во Либан
Погодена филијала на финансиска асоцијација поврзана со милитантната група, вклучително и единствениот комерцијален аеродром во земјата. Израелската војска претходно издаде предупредување за евакуација. Регистрирани напади врз Хаифа...

Продолжија израелските напади врз цели на Хезболах во Либан. Погодена филијала на финансиска асоцијација поврзана со милитантната група, вклучително и единствениот комерцијален аеродром во земјата. Израелската војска претходно издаде предупредување за евакуација. Регистрирани напади врз Хаифа.
„Во наредните денови ќе откриеме како Иран ја финансира терористичката активност на Хезболах користејќи граѓански институции, здруженија и невладини организации како параван за терористички активности“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.
Техеран не бара војна, и се разбира дека не се плаши, но е подготвен за војна, вели министерот за надворешни работи на Иран. Предупреди дека доколку Израел нападне ирански нуклеарните постројки, неговата земја ќе возврати со сличен одговор.
„Ако во регионот започне сеопфатна војна и САД бидат вовлечени во војната, природно е дека ќе се случи катастрофа за регионот. Ние воопшто не бараме војна, јас ова го кажав многу пати и го повторувам“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.
Претставник на добротворна организација за борба против сиромаштијата тврди дека шест работници од партнерски организации загинале во израелски оган во газа оваа недела.
