Молдавија

Молдавците рекоа „НЕ“ за зачленување во ЕУ

21.10.2024 08:13

Изборната комисија соопшти дека 56 насто од гласачите се изјасниле против и покрај тоа што земјата веќе ги почна пристапните преговори...

Граѓаните на Молдавија му рекоа НЕ на членството во ЕУ. Изборната комисија соопшти дека 56 насто од гласачите се изјасниле против и покрај тоа што земјата веќе ги почна пристапните преговори. Заедно со референдумот за пристапување на Молдавија во ЕУ се одржаа и претседателските избори. Според прелиминарните податоци, актуелната претседателка Маја Санду води пред поранешниот државен обвинител Александар стојаногло.

Победникот на претседателските избори ќе биде познат во вториот круг на 3-ти ноември.