Мигрантски бран пред изборите во САД
Имиграцијата е клучен дел од кампањите на кандидатите за шеф на Белата куќа, Камала Харис и Доналд Трамп...

На неколку дена од претседателските избори во САД, група од околу 2.000 мигранти ја напуштија јужната граница на Мексико со надеж дека ќе стигнат до северот на земјата и на крајот до Соединетите држави. Имиграцијата е клучен дел од кампањите на кандидатите за шеф на Белата куќа, Камала Харис и Доналд Трамп.
„Кој и да победи на изборите во сад не треба да ни ги затвора вратите, треба да ни ја даде потребната поддршка, бидејќи сите ние навистина поминуваме низ лошо време“, изјави мигрант.
„Нека победи кој сака. Сè додека Мексико ни подава рака, ние ќе бидеме тука и ќе чекаме“, изјави друг мигрант.
Групата што ја напушти јужната граница е трета и најголема од почетокот на мандатот на новата мексиканска претседателка Клаудија Шејнбаум, која досега нема направено промени во имиграциските политики воспоставени од нејзиниот претходник. Се проценува дека околу 40.000 мигранти моментално се заглавени во јужно Мексико.
