Почна сезоната на сезонски грип

12.12.2013 13:00

Кај тројца деца на возраст од 13 години од Тетово е дијагностициран грип од типот А Х1Н1, со што и официјално е потврден почетокот на сезоната на грип во Република Македонија. Просечно неделно се регистрираат околу 60 новозаболени случаи и вкупно за овие 10 недели откако почна сезоната на грипот се регистрирани околу 432 случаи на грип во Македонија, потврдуваат од Институтот за јавно здравје.

Кај тројца деца на возраст од 13 години од Тетово е дијагностициран грип од типот А Х1Н1, со што и официјално е потврден почетокот на сезоната на грип во Република Македонија. Просечно неделно се регистрираат околу 60 новозаболени случаи и вкупно за овие 10 недели откако почна сезоната на грипот се регистрирани околу 432 случаи на грип во Македонија, потврдуваат од Институтот за јавно здравје. Најмногу регистрирани случаи има во Скопје, Струмица, Тетово и Куманово, но тоа се релативни бројки бидејќи бројот на заболени веројатно е многу поголем со оглед на тоа што не се сите пријавени и регистрирани..

Избегнбување контакт со заразени лица, хигиена на рацете, да се избегнува престој во затворени простории, а болните да не одат на работа, во училиште или градинка и да ја примаат терапијата препорачана од матичен лекар затоа што може да се јават и компликации кои предизвикуваат и смртни случаи, апелираат докторите.