Образование

Министерката Јаневска ќе се обрати на завршниот настан од проектот ISEC-ADE

21.10.2024 08:20

Проектот ISEC-ADE (Пристапно дигитално образование за ученици со аутизам и интелектуална попреченост: Иновативни решенија и подобрување на компетенциите на едукаторите), го реализира Меѓународен конзорциум партнери со поддршка од програмата Еразмус+ на Европската Унија, меѓу кои Аутизам Институт и Македонско научно здружение за аутизам...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на завршниот настан од проектот ISEC-ADE, кој ќе се одржи денеска во Граѓанскиот ресурсен центар.

Проектот ISEC-ADE (Пристапно дигитално образование за ученици со аутизам и интелектуална попреченост: Иновативни решенија и подобрување на компетенциите на едукаторите), го реализира Меѓународен конзорциум партнери со поддршка од програмата Еразмус+ на Европската Унија, меѓу кои Аутизам Институт и Македонско научно здружение за аутизам.