Конститутивен состанок на неформалната Меѓупартиска парламентарна група против корупција

21.10.2024 08:23

Иницијативата за основање и промовирање на оваа група беше доставена до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на 5 јули 2024 година...

Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивен состанок на неформалната Меѓупартиска парламентарна група против корупција.

Преку иницијатива на пратеници во Собранието од парламентарниот состав 2024-2028 година Љупчо Пренџов, Соња Мираковска, Арбана Пашоли, на која се приклучија и координаторите на пратеничките групи, со поддршка од Националниот демократски институт (НДИ), е основана Меѓупартиска парламентарна група против корупција.

Иницијативата за основање и промовирање на оваа група беше доставена до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на 5 јули 2024 година.

Досега, педесет и еден пратеник од постоечкиот собраниски состав, од различни политички партии, кои имаат особен интерес за антикорупциски прашања и политики за справување и решавање на појавите и практиките на корупција во државата, ја изразија својата волја за приклучување кон оваа иницијатива, при што ги депонираа своите потписи во Собранието.