Скопје

Денеска ќе се одржи настан „Унапредување на регионалната соработка: Патот кон Заеднички регионален пазар и ЕУ интеграција на ЗБ“

21.10.2024 08:21

Како што соопштија организаторите, настанот е дел од серијата настани кои ќе се одржат од 17-ти до 24-ти октомври во секој од главните градови на Западниот Балкан во организација на CDI и партнерските организации...

Денеска во Скопје во „Европска куќа“ ќе се одржи настанот „Унапредување на регионалната соработка: Патот кон Заеднички регионален пазар и ЕУ интеграција на Западниот Балкан“, во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).

Како што соопштија организаторите, настанот е дел од серијата настани кои ќе се одржат од 17-ти до 24-ти октомври во секој од главните градови на Западниот Балкан во организација на CDI и партнерските организации.

На настанот ќе се дискутираат заклучоците од Самитот на Берлинскиот процес, вклучително и новиот акциски план за Заедничкиот регионален пазар, а ќе се дискутира и односот меѓу ЗРП и Планот за раст, обезбедувајќи основа за идната работа.