Македонија

Дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“

21.10.2024 08:32

Целта на настанот е да се отвори дискусија за важноста на дигитализацијата и да се презентираат и продискутираат начините на кои граѓанските организации можат да ги применат дигиталните алатки за да го подобрат своето работење...

Во организација на Граѓанскиот ресурсен центар, денеска на платформата „Зум“ ќе се одржи дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“.

Како што соопштија организаторите, целта на настанот е да се отвори дискусија за важноста на дигитализацијата и да се презентираат и продискутираат начините на кои граѓанските организации можат да ги применат дигиталните алатки за да го подобрат своето работење, транспарентност и влијание.

На настанот ќе бидат презентирани и успешни примери за дигитална трансформација во граѓанскиот и во јавниот сектор, примери за успешни дигитални решенија и социјални иновации имплементирани во Македонија, и нивното влијание за внесување значителни промени.