Тетово
Експлозивна направа фрлена во штаб на партијата на Самка Ибраимовски
21.10.2024 10:19
Сите прозори се искршени, а причинета е значителна штета, соопшти Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за Целосна еманципација на Ромите од Република Северна Македонија – ПЦЕР...

Денеска во клубот на ПЦЕР на ул. Иво Лола Рибар бр. 152 во Тетово фрлена е експлозивна направа. Сите прозори се искршени, а причинета е значителна штета, соопшти Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за Целосна еманципација на Ромите од Република Северна Македонија – ПЦЕР.
„Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат“, вели Ибраимовски.
Фото: ФБ профил
