Уметничка колонија за обнова на Карпинскиот манастир
Уметници од повеќе држави учествуваат на уметничката колонија Карпино, а со продажба на уметничките дела ќе се собираат пари за обнова на истоимениот манастир...

На 12-тата по ред колонија Карпино твореа 14-тина уметници од Македонија, Србија и Белгија. Колонијата го доби името по истоимениот Карписнки манастир во село Орах, но поради непристапниот пат и немање услови втора година по ред уметниците творат на пригодно место на периферијата на Куманово.
Сепак творците велат дека инспирацијата која ја нуди амбиентот на ранохристијанската црква Успение на Пресвета Богородица не може да заменат слики и скици.
„Го насликав манастирот, но во едно оптимистичко светло. На сликата ставив живи бои со надеж дека овој духовен храм ќе оживее и ќе биде место каде што повторно ќе го посетуваат верниците“, изјави Дарко Николиќ, уметник од Србија.
„Прв пат учествувам на ова колонија. Покрај сликањето овде имавме можност да видиме голем број цркви, манастири, споменици. Се надевам дека со она што го насликав ќе дадам придонес кон афирмацијата на регионот“, додава уметницата Марија Николиќ.
Мултимедијалното здружение „Карпино“ преку колонијата се обидува да го сочува од заборав манастирот како и конаците кои се целосно разуранти изгардени од 14 до 16 век.
„Разговаравме со владиката Јосиф и имаме позитивен светло околу изградбата на пристапниот пат до манастирот. Исто така планираме да донираме околу 50 тина дела од досегашната продукција во јавни аукции за продажба на слики и тие средства да се вложат во овновата на манастирот“, вели Зоран Павловски од Мултимедијален центар Карпино.
Инаку во Карпинскиот манастир во 15-тиот век имало активен калуѓрски живот и скрипторска школа.
Габриела Димковиќ
